Кејти Холмс ќе заработи многу од криењето на врската со Џејми Фокс

од Vladimir Zorba

Актерката Кејти Холмс, која оваа недела ja oбјави врската со колегата Џејми Фокс, ги чувала тајни нивните односи, за да може да добие алиментација од поранешниот сопруг Том Круз. Според извори на весникот Radar Online Кејти има потпишано документ со клаузула која ѝ забранува да има јавна врска до пет години по разводот. Доколку го испочитува овој услов таа ќе добие 4,8 милиони долари алиментација за ќерка си од Круз – Сури, како и други 5 милиони. долари за себе.

“Кејти потпиша клаузула во брзиот договор за развод, која ја спречува да го изложува Том на различни начини, како на пример да зборува за него или за Скиентологијата (религијата која ја пропагира Круз), или јавно да се гледа со друг маж пет години по разводот”, посочува извор на весникот.

Според него актерката има право да има други врски, но не и да ги објавува јавно или да му дозволува на новиот маж близина до својата ќерка Сури.

Во 2006 година, 55-годишниот Том Круз и 38-годишната Кејти Холмс склучуваат брак во италијански дворец по бурна романса. Пет години подоцна, сепак двајцата се разделуваат, а според гласините причина е посветеноста на актерот кон Скиентологијата.

Пораки за врската помеѓу Кејти и Џејми се појавија во 2013 година, но и двајцaта тврдеа дека се само пријатели. Фокс дури негираше дека има интимни односи со актерката, откако во 2015 година се појави друга нивна слика, на која се фатени за раце.

Слични содржини