Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.
МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесат за безбеден сообраќај на територијата на целата држава.