Македонија вчера пријави 25 смртни случаи од последиците од коронавирусот и 393 нови случаи на инфекција. Според соопштението на Министерството за здравство, 20 пациенти починале од Ковид-19 во последните 24 часа, а петмина починале од 21 септември до 2 октомври.
Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.783 смртни случаи од корона, 193.846 вкупно заразени и има 10.785 активни случаи.
Опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, покажуваат информациите на Министерството за здравство.
Заклучно со вчера, според информациите од МЗ, вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓанин.