Според податоците од Министерството за здравство, утрово имало околу 680 празни болнички кревети, а од нив 190 се во Скопје.
Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 467 ковид-пациенти од кои во Скопје се 193, а во другите градови 264.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти, а 10 на Инфективната клиника. Дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Инаку, во ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти, додека на Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.
Што се однесува до другите градови во државата, и денеска најмногу пациенти има во Куманово – 47, па во Велес – 33. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип има 28 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид-центарот во Гостивар 9, во Струга 16 болни, во болницата во Струмица се хоспитализирани 15 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти, но доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.