Бошњаковски: Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името.

Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде решено во интерес на сите.

– Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, со посредство на Метју Нимиц. Процесот е јавен и транспарентен. Сè додека нема ништо конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња, истакна Бошњаковски.