Не е потребно да ставате ботокс или хиалурон, за да изгледате помлади. Лицето не е единствениот издајник на возраста. Дури и да го најдете совршениот лекар кој ќе ја затегне кожата, треба да се погрижиме и за други работи.
1. Редовно спортувајте
Не само што така ќе ја зачувате вашата тежинска норма, туку и ќе бидете тонирани. Циркулацијата на крвта ќе биде засилена и ќе имате свеж изглед. Кревајте тегови, за да извајате мускули. Мускулите даваат младешки изглед.
2. Користете крем за околу очниот контур
Многу жени погрешно чекаат да се појават брчки околу очите нивни, за да започнат да користат козметика. А овие тенки линии и те како ги препишуваат годините на челото. Најдете го вистинскиот крем за вашата кожа и претворете ја неговата употреба во религија!
3. Носете ја небрежно косата
Кокови, исправени коси, ретро локни – овие фризури се типични за зрелите дами. Освен ако не ви е потребно да одите на бал, носете ги косите лежерно.
4. Светли нијанси ?!
Ако косата не ви е сосем црна, размислете ја веројатноста да ја осветлите благо – тип омбре, на рабовите или да извадите прамени. Светлата боја ефикасно симнува некоја годинка!
5. Белење заби
Насмевката е клучна за тоа како луѓето ќе ве примат. Насмеаните луѓе изгледаат топли, безгрижни и пријателски расположени. Тие и автоматски изгледаат помлади. За да биде насмевката импресивна и “ефикасна” е убаво да се погрижиме за забите. Може да ги избелите кај стоматологот, со ленти, или со домашен систем за белење.
6. Обложете се на спортско-елегантен стил
Дури во вашата фирма да се бара дрескод, може да ја адаптирате облеката, така што нема да изгледате како “строга тетка”. Во комбинација на облека обложете се на едноставни дезени, помалку и ненаметливи бои, но пак по еден весел додаток е прифатлив (шамија, ремен или нараквица, која ќе ја раздвижи силуетата и ќе направи да не изгледате досадна).
7. Не заборавајте на рацете!
Рацете се нешто што не може да се скрие. Постојано работите со нив и тие се впечатливи во очите на другите, па ако сакате да симнете неколку годинки од нивниот изглед, треба да се грижите за нив. Задолжително нанесете хидратантен крем барем неколку пати на ден, особено сега, кога е ладно. Кожата таму треба да биде добро хидратирана. Не дозволувајте да ве гледаат со неоформени, пожолтени или валкани нокти. Маникирот остава впечаток!