7 знаци кои покажуваат дека детето можеби е интроверт, според психолози

од Vladimir Zorba

Психолози објаснуваат дека интровертноста е всушност наследна особина која огромното мнозинство деца ја наследуваат од своите родители.

На ист начин, родителите честопати не знаат дали нивното дете е само срамежливо или всушност интровертно.

Според порталот Your Tango, постојат неколку знаци кои јасно можат да укажат дека детето е интроверт.

Овие знаци го вклучуваат следново:

* избегнува контакт со очите и интеракција со другите, особено со новите луѓе
* има бес или е генерално вознемирен по напорен ден
* повеќе сака да си игра сам отколку со други деца
* често се повлекува и размислува
* има само неколку добри пријатели со кои се дружи
* не е склон да пробува нови работи или активности
* има проблеми со изразување на сопствените емоции.

Секоја од овие карактеристики на однесување е показател дека детето може да биде интроверт.

Исто така, психолозите нагласуваат дека многу родители се загрижени дека нивното дете ќе има проблеми поради тоа, што воопшто не е точно. Напротив, бројни студии покажуваат дека интровертните деца се раѓаат креативци, уметници и мислители.

Слични содржини