7 знаци дека можеби имате анемија

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Како анемија се утврдува состојбата кога во крвта нема доволно здрави црвени крвни клетки, кои ќе пренесуваат кислород во телото.e41fae3a8c67d92d76b4fa5c3385c4fc

Постојат многу видови на анемија, а некои од нив се многу остри состојби како српеста анемија или таласемија (тие се генетски болести).

Но најголем дел од населението страда од анемија на железо, поради недостаток на железо или витамин B12, и двете, заедно со фолната киселина се потребни за производство на здрави црвени крвни клетки.

Ако сте постојано напнати, можеби е време да почнете со прием на железо и витамин Б12. А еве и 7 знаци дека можеби имате анемија:

Чувствувате недостаток на воздух или често имате вртоглавица

Без доволно железо или витамин Б12, телото не може да ја произведе потребната количина од специфичниот вид протеин наречен хемоглобин, што е од клучно значење за функционирањето на црвените крвни клетки. Хемоглобинот, кој е толку богат со железо, ја прави крвта црвена, му овозможува на кислородот да се поврзе со клетките, така што тие го носат преку крвта низ целиот организам. Кога нема доволно железо или витамин B12 во крвта, за да се создадат адекватни количини хемоглобин, некои делови на телото нема да добијат кислород, од кој имаат потреба. Како резултат може да се задишувате премногу лесно и често да чувствувате вртоглавица.

Се чувствувате ѓаволски уморно

Ова е една од најопштите (и истакнати) симптоми на анемија. Ако чувствувате исцрпеност речиси секој ден, треба да размислите на што се должи тоа. Можно е причините да не се во работа, а во вашето влошеното здравје. Треба да си направите крвта.

Кожата ви е бледа

Ако немате здрави црвени крвни зрнца, кои ќе ви ги снабдат органите со кислород, не можете да очекувате најголемиот орган во вашето тело – кожата да изгледа здраво. Без железо или витамин Б12, таа не може да биде доволно снабдена со крв, што доведува до нејзиниот поблед и дури жолтеникав изглед.

Чувствувате необјаснива болка во градите

Кога има помалку здрави црвени крвни зрнца во крвта, срцето треба да работи уште понапорно. Како резултат на тоа, тоа чука побрзо од обично и може да започнете да чувствувате болка во градите. Тоа не е проблем кој треба да го игнорирате. Анемичните пациенти страдаат почесто од акутни коронарни синдроми и кардиоваскуларни проблеми.

Вие сте бремена или неодамна сте изгубиле многу крв

Бремените жени се особено подложни на анемија, бидејќи нивното тело треба да произведува многу повеќе крв од обично, за да го помага растот и развојот на бебето и без доволно железо, витамин Б12 и фолна киселина, во крвта има помалку здрави црвени крвни зрнца. Сепак, жените кои не се бремени, мажи и дури деца кои живеат со стомачно-цревни заболувања како чирови, хемороиди, воспаление на желудникот и рак, исто така, се со зголемен ризик од анемија. Особено ако имаат хронично крварење.

Вие сте вегетаријанец

Железото се содржи во сoja, грав, во темнозелен лиснат зеленчук, во сирењето тофу, како и во црвеното месо. Веганите и вегетаријанците сепак, често не успеваат да консумираат доволно производи со железо, за да ги пресретнат потребите на своето тело. Железото има растителни извори, но тие треба да бидат консумирани почесто. Најразумно е веганите да примаат витамин Б12 како додаток.

Сакате да јадете коцки мраз

Тоа е прилично необичен симптом на железо анемија, но е доста индикативен. Ако имате силна желба за мраз или имате промени апетитот, на пример јадете сода бикарбона, глина, моливи или боја, можеби имате анемија и треба да се консултирате со лекар.