73 прашања од Vogue за Лејди Гага (ВИДЕО)

од Vlatko K
145 прегледи

Лејди Гага ги отвори вратите на нејзиниот имот во Малибу за тимот на магазинот Vogue. И додека им покажуваше мал дел од својот дом, ѕвездата одговори на 73 блиц прашања. Во моментов 32-годишната пејачка е особено актуелна, но не толку со музичките настапи, колку со првата главна улога за големиот екран. Таа глуми заедно со Бредли Купер во филмот „ A Star Is Born“, кој е режиран од него.

Во видеото ќе дознаете многу интересни факти од биографијата на Гага, меѓу кои и кој е најомилен фустан, со кој се појавијала на јавен настан. Мислејќи на екстравагантната гардероба на пејачката, сигурно ќе ви биде интересно да дознаете дека тоа е фустанот на Alexander McQueen, кој го носи на видеонаградите на MTV во 2010 година.

Нејзината најголема модна инспирација е Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany’s“. Тaa гледа хорори кога сака да се опушти и да се одмори. Човекот со кого сака да направи дует е Стиви Вондер. Одговорите на другите прашања, дознајте ги од видеото.