73 прашања за Жизел Бундхен од „Vogue“ (ВИДЕО)

од desk4
144 прегледи

Жизел Бунден изгледа како да може сè. Таа е мајка на две деца, има среќен брак со Том Брејди, неверојатна кариера на модел (во која, како што таа пресметала, имала меѓу илјада и две илјади насловни на списанија), се снимала на санта мраз и на врвот на водопад, амбасадор е на ОН за животната средина, може да пилотира хеликоптер и да свири на акустична гитара, пишува книга „Lessons: My Path to a Meaningful Life“ – за неа нема невозможни нешта. 

„Просечната моја брзина е 100 милји на час“, се шегува Бундхен за време на учеството во видео рубриката на „Vogue“. Бразилскиот супермодел ги отвора вратите на својот дом во Масачусетс и додека се забавува со својата ќерка и се договара со својот сопруг за семејниот одмор, одговара на 73-те прашања на репортерот.

Видете во видеото кое е најромантичното нешто што го направил Том за неа, на што го научила таа и на што тој неа, какви совети би дала на помладите колешки, што колекционира, која е омилена нејзината песна за караоке, по што таа сака да ја запаметат.

Жизел, исто така, ја разубавува насловната на јулското издание на изданието.