76 новозаразени во Србија, едно лице почина

од Vladimir Zorba

За последните 24 часа во Србија биле тестирани примероци од 3.328 лица, од кои 76 биле позитивни за коронавирус, а едно лице починало, пренесува „Блиц“ и потсетува дека вчера имало 73 новозаразени за 24 часа од 5.793 тестирани лица, а немало смртни случаи.

„Бројките ги потврдуваат изјавите на нашите епидемиолози дека треба да бидеме загрижени за оваа состојба затоа што денес имавме скоро 2.500 помалку тестирани, а три случаи повеќе заразени“, пишува „Блиц“.

Процентот на позитивни во однос на тестираните денес е 2,28 проценти. „Блиц“ пишува дека 2,5 проценти е прагот што не смее да се премине, и потсетува дека на почетокот на овој месец тој процент бил 0,5.

Пред околу 20 дена, во Србија имаше само околу 20 случаи на ден.

Слични содржини