77-годишен скопјанец почина откако бил прегазен од автомобил

од Vladimir Zorba

Седумдесет и седумгодишен скопјанец почина откако бил прегазен од автомобил.

-Несреќата се случила во текот на вчерашниот ден во 14:20 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. Пешакот бил прегазен од автомобил „опел астра“ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.З. (48) од Скопје, информираат од МВР.

Притоа, пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Слични содржини