78 санкции за возење под дејство на алкохол во Скопје

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 22.00 до 05.00 часот, Секторот за сообраќајни работи при БЈБ со ангажирање на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и Секторите за внатрешни работи Скопје, Велес, Штип, Куманово и Тетово спровел зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на град Скопје, при што констатирани се вкупно 119 сообраќајни прекршоци.

Од нив, за возење под дејство на алкохол санкционирани се 78 возачи, 22 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрани возила, а санкционирани се и други прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Слични содржини