8. јануари неработен ден за сите граѓани

од Nikola Popovski
298 прегледи

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.

Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Владата на вчерашната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

Слични содржини