Диетата и губењето вишок килограми може да биде тежок и макотрпен процес, а ситуацијата ја отежнуваат и грешките кои притоа ги правите.
Следниве грешки сите често ги правиме, некои дури и ни се навика, а сериозно нè спречуваат да го изгубиме вишокот килограми:
Прескокнување на појадок
Луѓето кои го прескокнуваат појадокот се склони во текот на денот да изедат повеќе храна, а со тоа да внесат и повеќе калории. Причина за тоа е прегладнувањето до ручекот, што во најголем број случаи значи и внес на поголема количина храна.
Не пиете доволно вода
Водата му е потребна на телото за да може правилно да согорува калории и да ги процесира хранливите материи. Затоа, наместо да компензирате со сокови и чаеви, испијте чаша вода, сигурно е покорисно.
Јадење доцна навечер
Лесна ужина нема многу да наштети, но целосен оброк, освен што бавно ќе се вари и ќе ви направи тежина во дигестивниот систем, потешко ќе се согори и искористи. Последниот оброк потрудете се да биде барем 4 часа пред спиење.
Премалку сон
Кога сте уморни и ненаспани, тогаш сте и изразено пасивни, внесувате повеќе шеќер, а метаболизмот ви е побавен од вообичаено.
Целосно исклучувате масти
Мастите ви се потребни за правилна работа на органите во вашето тело. Нивното исклучување најчесто доведува до прејадување со храна која не ги содржи, но и со предизвикување на телото да прави и чува резерви.
Јадење и други активности
Кога јадете, правете го тоа без пречи, значи по можност без телевизија и без мобилен телефон, на кој ќе ги проверувате нотификациите од социјалните мрежи. Уживајте во оброкот.
Пиење алкохол
Алкохолот е калоричен и директно поврзан со покачувањето на телесната маса. Консумирајте го во сосема ограничени количини или воопшто не го пијте ако слабеењето е ваша крајна цел.
Постојано седите
Постои директна поврзаност меѓу времето поминато во седење и склоноста кон дебелеење. Затоа, потребно е да правите паузи додека сте на работа, најдобро на секои 60 минути.