Одењето со чевли на јавни места е јавна норма. Ако имате можност, сепак почесто да ги вадите чевлите, бидејќи одењето бос носи големи придобивки не само на физичкото, туку и на психичкото здравје.
Научниците го докажаа следново:
Го подобрува квалитетот на сонот
Кога одиме со боси нозе, нашето тело ги отстранува позитивните јони и им овозможува на негативните јони да влезат во него. Негативните јони се познати како природни антидепресиви и помагаат за подобрување на квалитетот на сонот.
Ја подобрува мозочната активност
Повеќето боречки вештини, како и јогата се практикуваат боси и тоа не е случајно. Телото содржи 70% вода и колку посилен допир има до земјата, толку подобро функционира, бидејќи јонскат рамнотежа се нормализира. Тоа пак веднаш ја подобрува хармонијата во телото и го изострува умот.
Го подобрува држењето
Носењето на чевли, особено најубавите неудобни чевли, се одразува врз формата, сводот и флексибилноста на стапалото. Со текот на времето тоа слабее врските во глуждовите и гонарушува балансирањето на тежината. Се прекршува целокупното држење.
Ги подобрува нашите сетила
Постојат одредени центри на стапалата, кои ги стимулираат сетилата. Кога носиме чевли, тие не можат да бидат активирани.
Ја подобрува циркулацијата на крвта
Во овој случај работи принципот на гравитацијата. Бидејќи гравитацијата го повлекува сето кон себе, крвта започнува да циркулира доста силно во стапалата. Чекорејќи, нејзината циркулација се подобрува во целото тело.
Штити од срцеви болести
Колку подобра е циркулацијата во телото, толку помала е шансата од коронарни и артериски болести. Одењето без чевли ги стимулира крвните клетки и штити од згрутчување на крвта во телото без причина.
Ги зајакнува мускулите и коските
Одењето боси го зголемува венското враќање (брзината на крвотокот назад кон срцето) и ги прави нашите коски и мускули посилни. Ако се шетате на сонце се зголемува и количината на калциум во телото.
Се подобрува видот
Многу лекари им препорачуваат на своите пациенти да се шетаат боси по тревата бидејќи така се стимулираат точки во стапалата, кои го подобруваат видот.