8 скопски здруженија за заштита на животни бараат од Шилегов да ја разреши в.д. директорката на ЈП Лајка

од Берта Китинска

Поради наводно сомнително трошење на јавни пари, 8 скопски здруженија за заштита на животни и 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животни денеска побараа од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, разрешување на в.д. директорката на ЈП Лајка, Тина Петрушевска.

-Денес поднесов барање за разрешување на в.д. директорката на ЈП Лајка до градоначалникот поради скандалозната злоупотреба на службената положба за која јавноста дозна од здружението Daisy Family Rescue и поради очигледното сомнително трошење на јавни пари. Барањето за нејзино разрешување е поддржано од 8 скопски здруженија за заштита на животни и од 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животни кои се солидаризираа со скопските активисти.Активисти од цела Македонија бараат нејзино итно разрешување и именување на долгогодишен активист-волонтер за заштита на животните кој ужива углед меѓу активистите и кој од нив ќе биде номиниран!, пишува во Фејсбук објавата на активистите.

Слични содржини