80% од Македонците: Важно е да се потпише договорот со Бугарија!

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Најголеми  симпатиите кај граѓаните на Македонија  се кон Србија

Осум од десет македонски граѓани гледаат непријател во некоја од соседните земји. На прашањето колку добрососедските односи се важни за Македонија 58,4% одговориле дека тие се многу важни. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на ТВ Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка, спроведена по телефон во периодот од 27 јуни до 3 јули на репрезентативен примерок од 1000 луѓе.

Македонските граѓани имаат најголеми симпатии кон Србија, pa  44,3 проценти одговориле дека оваа сосед е пријателски настроена кон Македонија, покажува анкетата.

Многу помалку имаат такви чувства кон Албанија – 14,8% и Бугарија – 11,2%. Не се малку оние / 17,9% /, кои се на мислење дека ниту еден сосед не е пријателски настроен кон Македонија, забележува Телма.

На прашањето која сосед е непријателски настроена кон Македонија 59% одговориле дека тоа е Грција. Само 3,1% сметаат Бугарија за најмногу непријателски настроена кон Македонија какo сосед.

На прашањето што и пречи за интензивната соработка меѓу Македонија и Бугарија 30,5% одговориле дека тоа се теснопартиските интереси на лидерите на двете земји. Речиси идентичен е процентот на луѓето кои сметаат дека пречка е различното толкување на историјата.

Оние кои се на мислење дека со Бугарија постои историско непријателство, имаат 24%.

Цели 80,2% сепак одговориле дека е исклучително важно да се потпише договорот за добрососедство со Бугарија.

Анкетата покажува уште дека граѓаните имаат најмалку предрасуди кон Бугарија – 4,7%, а најмногу предпрасуди имаат во однос на Грција – 41,5%, потоа кон Албанија – 21,5%, а кон Косово и Србија – околу 7%.

Тие најдобро знаат  за историјата и културата на Србија – 47,4%, потоа на Албанија – 16,5%, на Бугарија – 8,3%.

13,7% од испитаниците одговориле дека не знаат историјата на ниту една сосед на Македонија.

Изјавата дека “сите земји во регионот во значителна мера делат заедничка историја и култура” е прифатено позитивно од 41,6%, а негативно од 58,3% од испитаниците.