Вкупно 8000 граѓани ја загубија битката со коронавирусот од почетокот на пандемијата, согласно со последните податоци објавени од Министерството за здравство.
Само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани четири починати лица и 1.375 нови случаи на Ковид-19 од направени 7.188 тестирања.
Од изработени 56 примероци позитивни на Ковид-19, 33 се позитивни на сојот омикрон, што изнесува 59% од позитивните примероци, додадоа синоќа од МЗ.
Сојот е детектиран кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, додаваат од МЗ.
Како што соопштија од Министерството, кај тројца пацинети од Скопје истовремено е детектирана комбинација од грип и коронавирус, наречена флурон.
Според надлежните, вакцинацијата против Ковид-19 останува единствен излез од пандемијата. Во моментов во државата има 6.818 активни ковид случаи.