82 години од депортацијата на македонските Евреи – комеморација во Скопје

од desk4
43 прегледи

Во Скопје денеска ќе се одржи централната комеморативна церемонија во чест на 82-годишнината од холокаустот на македонските Евреи. Еврејската заедница во Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе оддадат почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.

На настанот ќе се обратат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Израел Симона Франкел и премиерот Христијан Мицкоски.

Делегации од државни институции, дипломатски претставништва и членови на Еврејската заедница ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Могилата на депортираните македонски Евреи, како и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“