82-годишна старица измамена за 90.000 денари

од Nikola Popovski
21 прегледи

На 10.07.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден околу 11:00 часот била измамена од едно лице за сума од 90.000 денари.

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека за детето требало да се плати лекување.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место и по некое време сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини