84-годишна жена која вчера била ослободена од заробеништвото на Хамас се бори за живот

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Елма Авраха, 84-годишната жена која вчера беше ослободена од Газа, е во тешка состојба и се бори за живот, изјави нејзиниот син Ури Равиц за Би-Би-Си.

На 7 октомври милитантите на Хамас ја киднапирале Елма од нејзиниот дом во Нахал Оз, кибуц во близина на Газа. Равиц подоцна пронашол снимка на социјалните мрежи на кои се гледа како 84-годишната старица е опколена од вооружени членови на Хамас на мотор.

По ослободувањето, таа со хеликоптер била префрлена во болница во Беер Шева.

„Не ја лекувале, сега се соочуваме со страшни последици“, рекол синот.

Медицинскиот центар Сорока во Беер Шева наведува дека милитантите седум недели држеле постари пациенти во подземни тунели, без оглед на нивната здравствена состојба.

„Тоа е страшно. Тие држеле постари пациенти во подземни тунели седум недели и целосно ја занемарувале нивната медицинска нега“, соопштуваат оттаму.

Слични содржини