855 заразени и пет починати од Ковид-19 регистрира ИЈЗ за септември

од Nikola Popovski
1,8K прегледи

Во Р. Северна Македонија во текот на месец септември, пријавени се вкупно 855 случаи на COVID-19 (I=46,6/100.000), покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравство.

Во однос на претходниот месец август 2023 (n=112), се регистрира зголемување на бројот на пријавени од КОВИД-19 за 7,6 пати, a во однос на месец септември 2022 (n=2.525) се регистрира намалување на заболените од 66,1%.

Од заболените во септември 2023, најголем број на заболени (n=363) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (430,1/100.000) се регистрира во Кавадарци. Регистрираи се 347 се реинфекции. Во текот на месецот пријавени се пет починати лица.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=372; 43,5%). Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец септември се тестирани вкупно 2.464 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 5 пати повеќе во однос на минатиот месец (n=512). Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30.09.2023, пријавени се вкупно 349.346 потврдени случаи на КОВИД-19 (I=19.020,2/100.000) и 9.947 смртни случаи (Mt= 541,6/100.000; CFR=2,8%). Бројот на аплицирани дози на КОВИД-19 вакцина во текот на месец септември изнесува вкупно 23, од тоа 12 се прва, 3 како втора и трета доза и 5 како четврта.

Заклучно со 30.09.2023 година, вакцинирани се вкупно 876.167 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 857.230 лица.

Слични содржини