Ким Кардашијан се клонираше 6 пати за новата колекција

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Ким Кардашијан продолжува да ја монетизира својата слава и да развива нови и нови брендови и колекции.

Последното засилување во портфолиото  е колаборацијата со израелскиот бренд за очила Carolina Lemke со кои создава прва колекција додатоци.

Се разбира, според една стара традиција, Ким самата застана како рекламно лице и нејзини клонови во точно шест пати, во случај да не ни е малку само една како неа.

Снимката од кампањата беа направени од фотографското дуо Мерт и Маркус, а за фотографирањето, Ким избра сосем црн стил.

Само со хулахопки и црно палто, како и коса до колена, Ким воведува трендови кај очилата за сонце.

Нејзиниот личен шминкар, Марио Дедивановиќ , стои зад шминката, а трендовите во очилата за сонце се карактеризираат со ефекти на огледало и храбри овални форми.

Сите снимки од рекламната кампања на првата колекција очила на Ким Кардашијан може да се видат во нашата галерија.