Печени во рерна во голем плех…

СОСТОЈКИ:
3 јајца
400 мл млеко
300 гр брашно
малку сол
малку масло
100 гр суво грозје
малку џем
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Плехот добро намастете го со масло. Во чинија разматете јајца, додајте млеко, брашно, малку масло, сол и суво грозје и сè добро разматете, да нема грутки.
Кога тепсијата ќе се загрее, ставете го тестото. Преку тестото ставете неколку лажици џем, па печете на 200 степени околу 30-40 минути.
Печената палачинка исечкајте ја така што ќе добиете 9 парчиња.