Возовите на Македонски железници и натаму се стопирани. Повеќе од 80 отсто од машиновозачите девети ден по ред не одат на работа, а железничкиот сообраќај е речиси откажан-информира РСЕ. На шините се само два специјални воза на Македонски железници со кои се превезуваат мигрантите од Гевгелија до Табановце, вели претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија Душко Чакаровски.

„Дваесет и шест воза стојат вкупно во државата. Товарниот сообраќај е во застој целосно. Возат 10 до 15 луѓе што значи дневно два до три воза со мигранти што превезуваат. Само тоа“, вели Чакаровски.
Тој истакна дека вработените нема да ги исполнуваат своите работни задачи сė додека не им биде во целост исплатена јулската плата и искажа револт што Македонски железници – Транспорт ангажирале заменски пензионирани машиновозачи бидејќи најголем дел од машиновозачите штрајкуваат.
Повеќе ТУКА