649
Големите и впечатливи обетки подолго време се популарни.
Пред околу пет години најмодерни беа обетки со големо светли каменчиња, циркони или монистри, а сега приоритет имаат модели од метал, футуристички облици вештачки и природни камчиња. Вниманието на трендсетерките и ова сезона е фокусирано на масивните обетки кои се лесно впечатливи. Модерните дами често ги носат и комбинираат со едноставна облека, дозволувајќи им да бидат во центарот на вниманието. За сите сопственички и љубителки на големи обетки, постојат добри вести – тие остануваат во тренд и оваа есен-зима сезона. Но за есенските денови модните куќи предлагаат поедноставни женствени модели – обетки во облик на цвеќе и винтиџ изглед.