96 вакцинирани лица заболеле од Ковид-19, само 13 од нив завршиле со хоспитализација

од Nikola Popovski
305 прегледи

Од Министерството за здравство соопштија дека само 96 од 330.320 лица во државава кои примиле две дози од вакцината против Ковид-19 се заразиле со коронавирус. Тоа значи дека само 0,02 отсто од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството. Додаваат дека само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација и дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.

Вкупно се дадени 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани. Со последните бројки од завчера, барем една доза вакцина примиле 62 отсто од населението повозрасно од 70 години, 59 проценти од тие над 65 години, 55 отсто од сите постари од 60 години и 45 отсто од тие над 50 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, оздравеле 150.273 лица, а починати се 5.489. До завчера, 292 беа активни случаи.

Слични содржини