Руска научничка порачува: Користете ги скалите, лифтот е најопасното место за зараза со коронавирусот

од Nikola Popovski
142 прегледи

Лифтовите и влезовите се местата во станбените згради каде постои зголемен ризик да бидете заразени со коронавирусот, изјави Анча Баранова, професорка на Школата за системска биологија на универзитетот Џорџ Мејсон (САД), за весникот „Известија“.

Баранова објаснила дека едно лице заразено со Ковид-19 може да влезе во лифтот, но сепак „облакот“ останува во воздухот заради затворениот простор во лифтот.

„Покрај тоа, лифтот започнува да се движи и облакот што бил на врвот ќе се спушти врз вас и вие, всушност, се поминеле низ него“, објасни таа.

Таа советува да се користат скалите. Баранова исто така објасни дека е посигурно да се наоѓаат во големи простории, затоа што во таков случај вирусот се разнесува во воздухот.

Во јавниот превоз, ситуацијата е спротивна – има малку воздух, така што ризикот од инфекција е поголем. Опасноста на улица е многу помала.

„Што не значи дека е невозможно да се заразите на улица. Само ризикот е многу помал“, заклучила Баранова.