Полицијата во Њујорк ги присилува луѓето на социјално дистанцирање: Се појави снимка како тепаат граѓани (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
243 прегледи

На Интернет се појавија видеа на кои се прикажани полицајци во Њујорк како присилно спроведуваат итни мерки на социјално дистанцирање, пренесува АП.

На едно видео се гледа полицаец како трча по Афроамериканец и присилно го соборува на земја.
Во друго видео, полицаец го удира по главата човекот кој лежи на улица и не дава никаков отпор.

И покрај бројните апели њујоршката полиција да се повлече од задачите поврзани со спроведување на итни мерки, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, не се согласува со тоа.

– Ние нема да ја повлечеме њујоршката полиција. Јас не ја формирав мојата одлука само врз основа на неколку индивидуални, слабо извршени интервенции, туку врз основа на милиони добро изведени интервенции – рече ди Блазио.

Џу Хјун Канг, директор на Здружението на Обединетите заедници за полициски реформи, смета дека полицијата користела надзор на итни мерки за прикривање на злоупотреби, неоправдана употреба на сила и физичко загрозување на Њујорчаните.

На видеото објавено во саботата се гледа како полицаец не носи заштитна маска како соборува маж на земја и го удира во главата.

Началничката на полицијата Дермот Шеа изјави дека сите пријавени случаи ќе бидат истражени одделно и дека ударот не треба да се третира како употреба на прекумерна сила.

За време на обуката во Полициската академија, се учи дека е дозволено да се удри некој што не ги почитува наредбите на полицискиот службеник – посочи Шеа.