Шкотската премиерка го одби новиот слоган на Џонсон

од Aleksandar Petrovski
135 прегледи

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека нема да го користи новиот слоган на британската Влада „Биди внимателен, контролирај го вирусот и спаси животи“.

Таа на Твитер напиша дека нејзината влада не била консултирана за таа промена и дека новиот слоган на британскиот премиер Борис Џонсон првпат го прочитала во утринскиот печат, пренесува Би-Би-Си.

– Секако, тој треба да одлучи што е најсоодветно за Англија, но, со оглед на критичниот момент во борбата против коронавирусот, мојата јасна порака за Шкотска во оваа фаза останува – „Останете дома, спасете животи“, наведе Старџен.