Повеќе од 280.000 жртви од коронавирусот во светот, претежно во САД и Западна Европа

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Повеќе од 280.000 луѓе, точно 282.733, умреле од новиот коронавирус во светот, претежно во САД и Западна Европа, според „Worldometers“.

Во Русија денес е забележан најголем број заразени лица, 11.012, со што вкупниот број на заболени лица е на над 200.000.

Коронавирусот, кој се рашири во 212 земји и територии низ целиот свет, зарази 4.156.608 лица, додека 1.467.305 се излечија.

Најлошата состојба е сè уште во Соединетите Држави, каде што повеќе од 1,3 милиони луѓе се разболеле, додека 80.351 починале.

Во Европа, Велика Британија има најмногу жртви, 31.855, а само уште Италија има над 30.000 жртви – 30.560.

Најмалку заразени има Сент Пјер и Микелон, островска територија на Северен Атлантик, каде е регистриран само еден случај на коронавирус.