Навивачка на Веспрем ги истетовирала потписот и бројот на Манасков! (фото)

од Берта Китинска
484 прегледи

Македонскиот ракометар, Дејан Манасков на својот инстаграм профил се пофали дека навивачка на Веспрем си направила тетоважа во негова чест.

Беата Молнар е навивачка, која на својот профил денеска објави фотографија од тетоважа со логото на Веспрем, а над него број два и еден потпис. Тоа е вешт обид за копирање на ракописот на Дејан Манасков, а бројот два е бројот на неговиот дрес.

Манасков го видел овој гест, ѝ се заблагодарил на навивачката и самиот воодушевен го споделил на својот Инстаграм.

Слични содржини