ЕУ испраќа уште заштитни маски во С.Македонија

од Берта Китинска
241 прегледи

Нови залихи на ФФП2 маски ЕУ испраќа денеска во Македонија и Црна Гора од резервата на ЕУ на медицинска заштитна опрема, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Горд сум што се мобилизира дополнителна заштитна опрема во Северна Македонија и Црна Гора од резервата РескЕУ на ЕУ. Со овие нови залихи на заштитни маски им пружаме заштита на медицинските работници и другите есенцијални работници, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.

Минатата недела двете земји добија помош од Австрија во облик на дезинфекциски гел, пешкири, ракавици и постелнина и се доставени преку ЕУ механизмот за цивилна заштита.

Резервата, како што објаснуваат од Европската Комисија, се наоѓа во Романија и Германија, и овие две земји се одговорни за доставување на опремата. Европската Комисија пак финансира сто отсто од набавката на ракавици и друга опрема, соопштија од таму. ЕК подготвува дополнителна помош во наредните недели.

Слични содржини