Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово не е на агендата на дијалогот

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека размената на територии меѓу Србија и Косово не е на дневен ред и оти е потребен договор меѓу двете страни за смирување на ситуацијата.

„Видовме многу силна негативна реакција на идејата за размена на територии, на Косово, во други земји во регионот и во земјите на ЕУ. Ова ме наведува да констатирам дека не е на агендата и не треба да биде ниту на агендата“, рече Лајчак за австриската агенција АПА.

Тој изјави дека реакциите на идејата за размена на територии „многу јасно“ покажале дека тоа нема да придонесе за смирување на ситуацијата, но дека тоа ќе има спротивен ефект.

Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ i за други регионални прашања на Западен Балкан, не сакаше да ги proкоментира гласините за „таен план“ за размена на територии, наводно, договорени од претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, со поддршка од САД.

„Не сe водam од гласини, не сум видел таков план“, рече Лајчак.

Тој, исто така, одби да ги коментира гласините дека Соединетите држави биле вмешани во падот на владата на Албин Курти, преку специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел.

„Единствено што е важно е стабилна влада што ужива широка поддршка од парламентот и населението“, рече Лајчак, додавајќи дека Соединетите држави секогаш биле најважниот меѓународен партнер на ЕУ во Косово.