Американците во Европа држат 150 нуклеарни ракети: Во кои воени бази се сместени?

од Nikola Popovski
134 прегледи

Дали Германија ќе побара од Трамп да го повлече своето нуклеарно оружје од својата територија и за што ќе се одлучат Белгија, Италија, Холандија и Турција.

Во највлијателната членка на Европската унија, Германија, се појави неочекувана политичка дебата минатата недела за тоа дали земјата сè уште треба да биде дом на американско нуклеарно оружје. Различни толкувања во владејачката коалиција повторно ги оживеаа дискусиите за мистериозното прашање: во кои европски држави САД чуваат нуклеарно оружје и дали е време тие да се повлечат.

„Нуклеарното оружје на германска територија не ја зголемува нашата безбедност, токму спротивното. Дојде време Германија да ја исклучи можноста за негово поставување во иднина“, рече Ролф Муцтенич, шефот на парламентарниот клуб на Социјалдемократската партија (СПД), една од двете владејачки партии во земјата. Муцтенич експлицитно повика на намалена доверба во американскиот претседател Доналд Трамп кој според него, тој на овие оружја не гледа само како на пречка.

Оваа дебата избувна откако Берлин набави нови борбени авиони за да ја замени сегашната застарена флота. Министерството за одбрана планира да купи авиони Ф-18 изработени од американскиот Боинг, кои може да носат нуклеарно оружје. Дел од германската левица смета дека тоа не треба да се земе предвид при купувањето на новите авиони. Иако не сите во СПД го делат тоа мислење, Сашкиа Ескен, една од двајцата претседатели на партијата, го поддржа својот шеф на парламентарниот клуб, Муштенич.

Но, партнерот на СПД во германската влада, Христијанско-демократскиот сојуз на канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), го смета токму спротивното: партијата е убедена дека заштитниот штит на НАТО, кој на Германија ѝобезбедува нуклеарно оружје е клучот за силна економија. Либералната партија ФДП смета исто.

„Наивно е да се мисли дека Германија би имала еднакво влијание врз нуклеарната стратегија на НАТО доколку се одлучи за повлекување нуклеарното оружје“, рече Мери-Агнес Штрак-Зимерман, политичарка на ФДП, задолжена за одбранбената политика.

Во Белгија нуклеарните ракети се наоѓаат во базата Клајн Бругел, во Германија е базата Бахел, во Холандија е Волкел, а во Турција е базата Инцирлик. Италија, од друга страна, е единствената што постави нуклеарно оружје во двете бази, Авиано и Геди-Торе, се вели во извештајот.

Тој извештај подоцна беше избришан и изменет, а во најновата верзија се споменува дека овие пет земји сè уште поседуваат авиони што можат да носат нуклеарно оружје. Но, медиумите во Белгија и Холандија заклучија дека добиле потврда за она што се шпекулира со години.

„Конечно на црно и бело: Американското нуклеарно оружје е стационирано во Белгија“, се наведува во весникот „Де Морген“.

Девет држави во светот денес имаат нуклеарно оружје покрај споменатите САД, а тоа се Велика Британија и Франција, Русија, Кина, Индија, Пакистан, Израел (која никогаш официјално не го потврди своето поседување нуклеарно оружје) и Северна Кореја.