Црногорците во петок ги отвораат плажите

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Во Црна Гора забраната за движење од 23:00 до 5:00 часот ќе биде укината од петок, 15 мај и ќе се отворат плажите, пропратени со мерките за социјална дистанца, одлучи денеска Координативното тело за инфективни болести.

Од петок ќе се овозможи сообраќај со патнички и такси возила низ целата земја, додека во понеделник ќе започне да функционира внатрешниот јавен и железнички сообраќај, објави Владата на Црна Гора на Твитер.

Претходно беше објавено дека угостителските објекти ќе започнат со работа во петок, со задолжително почитување на прописите.

Денес премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, присуствуваше и на седницата на Националното координативно тело за заразни болести.