Спасовски дојде во Кривичен суд да сведочи за „27 април”

од Берта Китинска
123 прегледи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пристигна во Кривичниот суд, каде треба да сведочи на рочиштето за предметот „Организатори на 27 април’’, во кој се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

За овој настан, но во друг кривичен предмет за „27 април“, Спасовски сведочеше и во 2018 година кога ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи. Тој тогаш пред Кривичниот суд во Скопје, изјави дека по влегување на толпата во Собранието, се чуствувал беспомошен, исплашен за сопствениот живот, разочаран и згрозен од постапките на некои со кои секојдневно се гледале и соработувале.

Освен Спасовски, како сведок на Обвинителството на денешното рочиште за „организаторите на 27 април” е најавен и Антонио Кочков, учесник во протестите на „За заедничка Македонија”. Исто така и овој сведок претходно има сведочено за насилставата во Собранието на 27 април, но во предметот каде оштетен беше претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Минатото рочиште за овој предмет свои искази пред Судот дадоа сведоците Михаил Младеновски (обвинет, а потоа амнестиран за „27 април“) и Сашко Коцевски, референт за системот и гласање во Собранието.

Слични содржини