Нов дрворед на булеварот Партизански одреди, кај Соборниот храм (ФОТО)

од Берта Китинска
301 прегледи

Екипите на Град Скопје изминативе денови работат на формирање нов дрворед на бул. Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

-На потег од крстосницата со бул. ВМРО до крстосницата со бул. Свети Климент Охридски, со градежна механизација се отстранува дел од пешачката патека и се создава нов простор каде што се формира новиот дворед. На оваа локација ќе се засадат 8 здрави висококвалитетни садници од видот даб, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.