Илјадници сезонски работници од Источна Европа во моментов работат на германските полиња, честопати живеат и работат во катастрофални услови, поради што некои се преселиле од Германија во Холандија, каде што условите очигледно се многу подобри, пишува „Дојче Веле“.
Даниела Реим е загрижена. Таа е консултант за „мобилните работници“ во германската провинција Долна Саксонија и можеби ќе треба да размисли за пријави, бидејќи пред неколку дена сакала лично да се увери за условите во кои романските сезонски работници живеат и работат на фарма, на која се одгледува аспарагус.
14-дневните мерки за карантин, кои беа воведени за сезонските работници од странство на почетокот на април, повеќе не треба да се применуваат на тој имот, пренесува Танјуг.
Требало да биде рутинска акција, но на крајот сето тоа се претворило во вистинска мала потера, раскажува Рејм за ДВ.
Истрага против романски граѓани
Сопственикот на фармата го забранил пристапот до неговиот имот, па дури и се заканил дека ќе ја пријави во полиција. Откако таа го напуштила имотот, тој ја следелсо автомобил за да се увери, тврди таа, дека не може да стапи во контакт со романските сезонски работници.
Откако баварските работодавци одбиле да се обезбедат соодветни мерки за заштита, неколку работници се побуниле.
Во интервју за ДВ, баварскиот работодавец ги негирал овие забелешки, наведувајќи дека пријавил неколку работници и ги нарекол „криминалци“.
Портпаролот на баварската полиција потврдил за ДВ дека е во тек истрага против тројца романски државјани под сомнение за клевета и повреда на доверливост на информации, а полицијата потврдила дека предмет на истрагата не е сомневање за организиран криминал.
Во меѓувреме, и политичарите се загрижени.
Жалби од дипломатските претставништва
Портпаролката на Министерството за земјоделство во Берлин потврдила за ДВ дека министерството, во соработка со Институтот „Роберт Кох“, составиле „концепт за сезонски работници во контекст на здравствената заштита“, односно дека документот е основа за работа на фармите во тековната состојба.
Во писмото испратено до сојузните покраини, министерот Хубертус Хеил забележал дека неколку дипломатски претставништа на оние земји од кои доаѓаат сезонски работници веќе се пожалиле до германската влада.
Во Букурешт, министерката за труд, Виолета Александров и министерот за надворешни работи, Богдан Ауреску, одговориле на прашања од специјална комисија во романскиот Сенат, пренесува ДВ.
Тие ги информирале членовите на комисијата за мерките што ги презеле во врска со состојбата на романските сезонски работници во Германија и другите земји од Европската унија.