Ким повторно исчезна: Ниту американските шпиони не знаат каде е, една мистерија посебно ги интригира сите

од Aleksandar Petrovski
205 прегледи

Водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун повторно исчезна? Откако ги отфрли гласините за смрт и болест, појавувајќи се на 1 мај на отворањето на фабрика во Пјонгјанг, повторно му се губи трага.
Американската разузнавачка служба може само да претпостави дека тој е „веројатно“ жив и здрав.

Северна Кореја објави снимка од својот диктатор како сече црвена лента во фабриката за ѓубрива на 1 мај, за да ги смири растечките гласини дека неговото тринеделно отсуство е знак дека тој умира, па дури и дека е мртов.

Но, од тогаш го нема никаде, а што се однесува до автентичноста на тие снимки и фотографии, американските разузнавачки служби не можеа да ги проверат.

– Се чини дека тој е надвор и ги сече лентите во фабриките за ѓубрива. Значи, нашето разбирање е дека тој е веројатно добро – изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, пред новинарите во вторникот во Вашингтон.
Сепак, тој призна дека разузнавачите „не можат да кажат ниту едно или друго“ дали неодамнешните фотографии на Ким навистина го покажуваат него.

„Ние ги нарекуваме затворено кралство. Тешко е да се добијат информации од Северна Кореја. Тие не се отворени за информации, но тие објавија фотографии дека е жив и здрав и претпоставуваме дека е тој“, рече тој.

Оваа мистериозна држава никогаш не престанува да изненадува. Сега, среде нови гласини за Ким, таа, наводно, ставила цел град под блокада.

Ненадејната одлука на Северна Кореја да го заклучи градот Расон на североистокот на земјата предизвика широко распространети шпекулации.

Некои веруваат дека поради некоја причина, врховниот лидер Ким Јонг Ун ќе престојува таму, а други кои сугерираат дека ова укажува дека пандемијата на коронавирус стигнала и до Северна Кореја.

Расон се наоѓа во близина на границата со Кина и Русија, на околу 70 километри од Владивосток, со голем број жители кои редовно ја преминуваат границата од двете држави. Градот, кој има 200.000 жители, се наоѓа во провинцијата Северен Хамгионг, во рамките на специјалната економска зона Расон, која беше формирана во 1992 година за да ги охрабри странските инвестиции и на тој начин да го стимулира економскиот раст.