
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска пристигна во посета на Србија.
Орбан се состана со српскиот претседател Александар Вушиќ во зградата на претседателството на „Андричев венац“, а по средбата ќе се обрати пред медиумите.
Вчера, унгарскиот премиер ја отфрли поканата на официјален Брисел да дојде во Европскиот парламент и да објасни зошто вовел вонредна состојба во земјата и врз основа на која и самиот на себе си дал бројни овластувања.