Успешно тестирање на вакцина против Ковид-19 на мајмуни: Уште нема гаранција дека успешно би ги штитела и луѓето

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Потенцијална вакцина против коронавирус даде добри резултати во една студија спроведена на резус макаки мајмуни, ​​чиј имунолошки систем е сличен на човекот.

Резултатите од тој тест затоа инспирираат надеж дека оваа вакцина против коронавирус може да ги штити и луѓето, но сè уште нема гаранции за таков исход.

БиБиСи наведува дека група на овие мајмуни биле изложени на вирусот САРС-КоВ-2 за време на тестирањето, а шест од оние кои ја примиле вакцината имале помало присуство на вирусот во нивните бели дробови и дишните патишта и не развиле пневмонија или негативни ефекти на вакцината.

Истражувањето е спроведено во Соединетите Држави, со учество на истражувачи од здравствени институции во таа земја и експерти од Универзитетот во Оксфорд.

Според БиБиСи, во меѓувреме започнало клиничко тестирање на оваа вакцина врз луѓето.