За неносење маска казна од 50.000 евра: Ова е досега најбруталната мерка за заштита од вирусот!

од Aleksandar Petrovski
144 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека носењето маски на отворено ќе биде задолжително од недела, а оние што не го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали (49.000 евра), пренесува „Гардијан“.

Прекршителите би можеле да бидат затворени и до три години, се вели во соопштението на Твитер на Министерството.

Во соопштението се додава дека само лицата кои се сами во возилата ќе бидат ослободени од ова правило.

Катар пријави 1.733 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со вкупно 28.227 случаи и 14 смртни случаи.