Поднесена е пријава од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ до Државен завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција против градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Советниците, како што соопштија, се сомневаат дека Шилегов незаконски прибира и троши пари од анонимни спонзори.
– За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов – велат советниците.
Тие тврдат дека на ниту едно од поставените прашања, Шилегов не им одговорил со факти туку дека спонзорите биле анонимни.
– Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба. Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси? – прашуваат советниците.