Израелците направија маска со која може да се јаде, се отвора на далечинско

од Aleksandar Petrovski
317 прегледи

Израелските пронаоѓачи развија маска за лице што се отвора преку далечински управувач и ви овозможува да јадете без да ја отстраните маската, што може да ги направи посетите во рестораните попрактични и помалку ризични.


Со стисок на рачката, исто како активирање на рачната сопирачка на велосипед, се отвора предниот дел на маската за да може да помине храна низ неа, пренесува Спутник.

– Поклопецот ќе се отвори механички од далечина или автоматски кога ќе се приближи до вилушката. Потоа можете да јадете, да уживате, да пиете – извадете ја вилушката и маската ќе се затвори, а вие сте заштитени од вируси и други луѓе кои седат со вас – рече Асаф Гителис, потпретседател на патенти и пронајдоци на „Автипус“, додека го демонстрираше уредот во неговите канцеларии во близина на Авива, пренесува Ројтерс.

Компанијата објави дека планира да започне со производство на маската за неколку месеци и веќе аплицирала за патент.

Слични содржини