579
Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник.
-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.
Фото: Борче Поповски