Многу лекари во светот сметаа дека за време на пандемијата со коронавирус, ризично е децата да ги прегрнуваат своите баба и дедо, затоа што можат да бидат носители на инфекцијата.

За „Дејли мејл“, доктор Ендру Престон одговараше на прашања од читателите кои сè уште постојат за коронавирусот.
На прашањето од една мајка кога ќе биде сигурно нејзиниот 74-годишен татко повторно да го прегрне нејзиниот 4-годишен син, докторот го даде следниот одговор:
– Ризикот останува затоа што во некои случаи можеби не знаете дека имате коронавирус, па затоа е сè уште опасно да се мешаат генерациите. Вашиот татко можеби е во добра здравствена состојба, но неговата возраст го става во опасност од коронавирус. Децата, очигледно не покажуваат сериозни симптоми на болеста „Ковид-19“, но се чини дека новороденчињата се нешто почувствителни – вели докторот.
– Засега, без оглед колку е фрустрирачко за вас, треба да избегнувате близок контакт со било кого, дури и близок контакт меѓу бабите и дедовците и внуците – советувал лекарот.
Од друга страна, Даниел Кох, шеф на заразни болести од Шведска, вели дека многу баби и дедовци живеат за да ги видат своите внуци и дека тоа е многу важно за нивното ментално здравје. Тој додаде дека децата не се ризични за постарите роднини, туку за нивните родители.