144
Во самоизолација од вчера се десетина припадници на македонската Армија кои биле логистика на МВР во Охрид, каде што е затворено одморалиште на полицијата откако се дијагностицирани седум позитивни случаи на ковид-19 кај припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР, пренесува „360 степени“.
Од Генералштабот на Армијата потврдија дека станува збор за војници кои, поради прогласената вонредна состојба, биле испратени на испомош на полицијата. Припадниците на Армијата допрва ќе бидат тестирани, откако вчера биле завршени епидемиолошките анкети.