МВР потрошилe 1,9 милиони евра за итни набавки без објавување на оглас

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Tретиот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот на Центарот за граѓански комуникации покажува дека вредноста на договорите со директни преговори без објавување на оглас за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот, надминал 3,2 милиони евра.

Од таа сума, 1,9 милиони евра отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи.

Во случајот на МВР, станува збор за шест договори за набавка на маски, ракавици, очила, комбинезони и средства за дезинфекција, што е дури 59 отсто од вредноста на договорите на сите институции.

Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените, а најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од најевтини 2,83 до најскапи 9,32 денари за парче, колку што платило МВР со рамковна спогодба во времетраење од 3 месеци.

Центарот за граѓански комуникации,како што информираат, ги следи итните набавки поврзани со новиот коронавирус за навремено да детектира одредени слабости во процесот и да даде придонес кон нивно надминување, а со цел рационално искористување на ограничените јавни ресурси во земјава.

Слични содржини